Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ утре вечер, (сабота, 31-ви март 2012 година) во Галерија „Робевци“ – Охрид, ке биде отворена изложбата на слики „Ликвидирани Вредности“ од Горан Ристовски од Струга, со почеток во 20:00 часот.
„За доближување на делото кон публиката, уметникот излегува на улица“ – како што вели авторот, но тој самиот на некој начин прави и обид за доближување на street art-от до „застарената“ галериска публика, а воедно и нтеграција на двете. Низ повторувачката шаблонизација продира доза на експресија и слободен израз како рефлексија на желбата за пробивање на „правилата“ и конформизмот. Правејќи инверзија и мешајќи медиуми, подлоги, графика со слика и street art, менувајќи ги амбиентите за изразување, има тенденција да ја разбие стандардната траекторија на погледот на гледачот. Од изложеноста на непостојаност и исчезнувње, овој пат со сигурност се отиснале и во перманентна состојба. – дел од критиката на Билјана Ангелеска.
Facebook event: http://www.facebook.com/events/398520000176126/
Изложбата ќе биде отворена до 14-ти Април 2012.