На 6 март 2013 година, во Универзалната сала во Скопје концерт ќе одржи легендата на македонската забавна музика – Драган Мијалковски.
Придружуван од ревискиот оркестар на Македонската радио телевизија, Мијалковски со концерт ќе го одбележи своето враќање на македонската музичка сцена. Ревискиот оркестар на МРТ ќе ги засвири познатите звуци на песните на Мијалковски, под диригентската палка на маестро Кире Костов.
Како гости на вечерта кои со своето присуство дополнително ќе го подигнат амбиентот во Универзална сала, се евровизискиот претставник Влатко Лозановски-Лозано и Тамара Тодевска.
Драган Мијалковски, во текот на својата музичка и естрадна кариера, која трае повеќе од 40 години има отпеано голем број на хитови. Публиката ќе има можност во живо да ги слушне „Кажи ми“, „Кажи нешто драга“, „223 305“ и најновата со која се претстави на Скопскиот фестивал 2012, „Било кој“.