По повод утрешниот ден – 8 септември Денот на независноста на Република Македонија, на Плоштадот „Карпошово востание“ во 20:30 часот ќе започне голем концерт на кој како главни изведувачи ќе настапат Каролина Гочева, Суперхикс и Аделина Тахири.
Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Нашето единство, наша победа“, се одбележува со повеќе спортски, културни и музички настани.
Од 31 август до 8 септември во рамки на неделата на спортот, покрај редовните спортски активности, се организраат и ревијални настани со цел да се промовира спортот и што повеќе да се анимираат граѓаните.