Големите таленти, како деца

Денес сите ние ги познаваме како големи артисти, како возраст и дарба. Но какви биле како деца?

Родената на тротоар: Едит Пјаф

cooltura mk
Една декемвриска вечер, осамениот фенер на париската улица “Белвил“ 72, станува најсветлиот акушер во историјата. Токму под него, на самиот тротоар, се раѓа Едит Жиована Гасион. Нејзината мајка не успева да стигне до болницата…така отприлика се раѓа Врапчето.Наречена е Едит, според името на Едит Кавел, фамозна англиска шпионка, застрелана само неколку дена пред да се роди. “Со ова име нема да остане незабележана“…била убедена мајка и, сиромашна артистка, родена во циркус. Извесен период Едит живее со својата баба, која е тврдо убедена дека “алкохолот ги потхранува гласните можности“…затоа и додава по неколку капки црвено вино во шишето за млеко. Уште во рана возраст, Врабчето почнува да го запознава Париз, правејќи му друштво на својот татко, кој е уличен артист. Таа има задача да пее, додека тој исполнува акробатски точки на улица. Но, еден ден се разболува а татко и морал да ја остави кај некоја да ја чува. Така се наоѓа во јавен дом, во Берне, Нормандија. Едит подоцна споделува дека има убави спомени од тоа место, зошто девојките таму ја засакале и чувале многу добро. Се сеќава како и пееле…но покасно, проститутките откиле дека детето е слепо. Едит, подоцна погледува…но точно во темниот период, таа пројавува силен интерес од музиката и звуците…и го доживува светот главно преку нив. На 14 години, ја открива сестра си(од друга мајка)…Заедно со неа, тие стануваат вистински улични артисти-музиканти(во тоа време, пеењето на тротоар е професија, само 30 лица во цел Париз, се навистина почитувани, а останатите се сметани за аматери).

Јас секогаш ги пеев првите неколку песни, зошто Едит, тешко пееше наутро– раскажува сестра и.

-Требаше да пие кафе и да си го прочисти грлото со посебна течност, кој чинеше 10 франка. Ја успевав да ги заработам тие 10 франка, а после се беше на место. Таа можеше да пее со цело грло, ден и ноќ. Пееше така силно, што уличниот шум од пајтоните се губеше…И, Едит, никогаш не посегнуваше со рака. Тоа беше, моја работа. Симон уште раскажува дека, сестра и никогаш немала пари…секогаш трошела се…но пак, Едит верувала, дека еден ден ќе бидат многу богати…

Her life was so sad, that it was too beautiful to be true Sacha Guitry
http://www.youtube.com/watch?v=4Hqc-NWlNJQ

Сонувачот Тим Бартон

Баба ми има кажувано дека, како мал, целта секогаш ми била да избегам. Уште додека сум ползел, моите очи барале отворена врата, преку која можам да избегам некаде. И таков и останав- ако некој тргнеше некаде, секогаш сакав да појдам со него…” Тој импулс да избега и се најде во други светови и до денес е типична црта на Тим Бартон. Неговите миленици од детството се Доктор Сеус и Роад Дал, мрачните светови на Едгар Алан По и филмови како Годзила. Дебитира со “Островот на доктор Агор“, кој го снима во семејниот двор. Тогаш има само 13 години…Училиштето не го интересира многу. Го поминува времето во цртање и гледање филмови. Вели, дека бил многу интровертен, депресивен младич. Нај-интересен дел од детството на Бартон, сепак е сонувањето. Имал многу силен импулс да сонува. Со нетрпение очекувал да заспие. Освен тоа ги сакал сите луѓе што сакале да спијат како него. Како дете, Тим никогаш не се чувствувал како дете, а сега пак, не се чувствува како возрасен. Како и да е, наскоро имавме можност да ја погледнеме неговата најнова творба, за возрасни и деца, Frankenweenie.

http://www.youtube.com/watch?v=fxQcBKUPm8o

 

Молчаливиот Сент Ван Гог

Омилена активност на малиот Сент, е да плете волнени конци во боја и да ја согледува хармонијата меѓу боите. Роден во строго семејство на пастор, тој е на нај-тивкиот од шесте браќа и сестри. Секогаш бил сам и одбивал да учествува во игрите со останатите. Скитал низ полето, собирал цвеќе, ги изучувал растенијата, често се наслонувал над речните води, за да ги набљудува подводните жители. Обжавал да трага по гнезда во шумата. Скришум моделирал слончиња од глина, но кога некој ќе го фател, секогаш брзал да го смачка створеното. На почеток цртал ретко, но во училиште почнал да слика мали пејсажи и да ги подарува на учениците. Цртал многу цвеќиња…

По-малиот брат Теo, за него раскажува дека и покрај сивото секојдневие, Сент успевал да оживее се со зборови- кога раскажувал за растенијата или природата, во сознанието на Тео, тие добивале сосема жива слика. Родителите на Винсент, се тревожеле, зошто го доживувале како вулкан, кој чека да еруптира. Затоа штом навршил 16, татко му решава да го ангажира како помошник кај неговиот чичко, трговец со уметнички слики. Работата го привлекува младиот Винсент- тој многу добро ги меморира сите црти на сликите…така, лека-полека, молчаливото дете почнува да говори на јазикот на сликите…

 

Л.Ѓ.

You May Also Like