Голем интерес за упис на УИНТ во Охрид

На најмладиот државен Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, во тек е пријавувањето за запишување на студенти во прва година за академската 2013/2014. Интересот за упис на овој Универзитет е значително зголемен во однос на изминатите години.

uint_ohrid_upisi

Според идните академски граѓани овој интерес се должи на препознавањето на предизвикот, атрактивноста, како и реалната потреба од специјалисти од областа на техничките науки, кои воедно претставуваат и дефицитарен кадар како во нашата земја, така и пошироко.

„Информатичките науки се интересна област за изучување, како и добра основа за наоѓање на добра работа по завржувањето на студиите.“ изјавуваат идните студенти на УИНТ.

Како одговор на потребите на идните студенти, брзиот развој на информатичките науки и технологии и нивното огромно влијание на економскиот развој и oпштествените промени, Универзитетот „Апостол Павле“ оваа учебна година воведе нова наставна програма – „e-Влада, е-Бизнис, е-Култура“ единствена во Македонија и регионот.

Студиската програма e-Влада, e-Бизнис, e-Култура претставува поширока техничка област во компјутерските науки која вклучува предмети како е-Демократија, е-Менаџмент, е-Право, е-Етика, социјални мрежи, е-Медиуми, е-Дипломатија, е-Банкарство, е-Маркетинг, е-Новинарство, е-Криминал и сл.
Очекувањата се дека по димпломирањето на оваа студиска програма студентите ќе имаат можност да работат на најразлични компании и институции на македноскиот и европски пазар кој има реална потреба од ваков високо специјализиран кадар за работа.

При реализацијата на оваа студиска програма, студентите ќе стекнат знаења од пошироко образовно подрачје поврзано со примената на информатичките науки и технологии во сферите на државната администрација, стопанството, културата во сите сегменти на модерното, така наречено “е-Општество“.

You May Also Like