Денеска (петок, 13 септември) во 20:00 часот, во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП).
Со свои дела ќе се претстават уметниците скулптори, графичари, сликари: Тони Трајкоски, Јордан Мицкоски, Ангелка Башеска, Емил Димоски и др. Со свои дела ќе се претстават и членовите на подмладокот на ДЛУП.
Изложбата е во рамките на одбележувањето на 4 години од постоењето на ДЛУП и една година од подмладокот.