Германски стрип авторки на гости во Македонија

Германските стрип авторки Кристина Граншо и Лили Гартнер ќе бидат  гостинки на активностите  во склоп 11-тиот Меѓународен салон на стрип „Велес 2013“ којшто ќе се организира во месец октомври.

Освен нив традиционално ќе земат учество стрип асоцијации од соседството, со кои македонската стрип сцена одамна оствари солидна соработка: Лесковац/Србија и Призрен/Косово.

Организаторите на оваа манифестација – Стрип центарот на Македонија отвараат можности за збогатување на листата на учесници  како и нови содржини  во склоп на салонот.

Освен ова, традиционално е објавен меѓународниот конкурс за стрип, којшто трае до 25 септември, потоа ке се додели традиционалното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип (за оваа година лауерат е Оливер Ромевски), продлабочува соработката на македонски стрип автори со нивни колеги од други од други земји.

You May Also Like