Гала вечер на детскиот фестивал „Тра ла ла“ во Битола

Синоќа (петок, 16 август) во Битола започна Интернационалниот детски музички фестивал „Тра ла ла“. Денеска на програмата е Гала вечерта.

PROGRAMA  Tra la la 2013

Во првиот натпреварувачки денсе одржи фестивал на вокални солисти, поделени во три возрасни категории.

На 17-ти август исто така во Центарот за култура од 20.00 часот ќе биде одржана Гала вечер, каде ќе бидат доделени награди и признанија, збогатено со изведба на најдобрите песни според мислењето на шестчленото Меѓународно жири. Предвиден е и настап на учесници кои ќе ја презентираат македонската култура и традиција(КУД Илинден, Академија за боречки вештини ЗА НЕД ДО, настап на оперската уметничка Проф. Марина Коруновска, детскиот хор Ѕвочиња и други).

На манифестацијата ќе земат учество солисти и делегации од: Македонија, Јапонија,Романија, Малта, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Полска, Албанија, Украина и Косово.

Оваа година фестивалот се очекува да биде една од најголемите детски настани во Европа и пошироко.

Темата на овогодинешната манифестација е ЈАС ЈА САКАМ БИТОЛА.

You May Also Like