Вчера на програмата на Бит Фест – 22 јули

Иако понеделник Бит Фест не запира со богатата програма. Еден куп интересни настани за љубителите на културата и уметноста. Публиката можеше да ги проследи следниве настани:

bit fest 22 juli (1)

НА БИТ ФЕСТ И БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ: ОТОА РАБОТНИЦА

На новата сцена во Народен театар во Битола во рамките на Битола Шекспир Фестивал во се одржа ОТОА работилница – Џиа Форакис од Њујорк – САД со учество на Студенти од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА.

На панел дискусијата на тема „Шекспир денес” во рамките на првото издание на „Битола Шекспир фестивал” присуствуваа еминенти гости од областа на театарската уметност, меѓу кои Том Брд, директор на Глоуб театарот од Лондон, Раднал Мартин, истакнат шекспиролог и професор на Универзитетот Њу Брабсвик од Канада и други.

Извршниот продуцент на Глоуб театарот од Лондон, рече дека ваквата размена на искуства е многу важна за уметноста и културата, како и дека е среќен за соработката што ја воспоставуваат со битолскиот театар.

„НАШ ДЕН“ НА БИТ ФЕСТ

Во градскиот парк кај Саат кулата се одржа работилница и изложба на тема „Наш ден“. Оваа исклучителна можност за дружење, креација и забава пред се на најмладите е дел од Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, а е во организација на Здружението на граѓани

БИТ ФЕСТ: „СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА“

Во Фоајето на Центар за култура беше отворена изложбата насловена „Со љубов за Битола“ во организација на Здружението на граѓани ЦЕРИ.

bit fest 22 juli (2)

БИТ ФЕСТ: ИЗЛОЖБА „ПАРИЖАНКА ВО БИТОЛА“

Во малата сала на НУ Завод и музеј беше отворена изложбата на Лена Ѓуриќ – „Парижанка во Битола“.

БИТ ФЕСТ:КОНЦЕРТ НА АНА ВЕЛИНОВСКА

Во концертната сала на Завод и музеј се одржа солистички концерт на Ана Велиновска – пијано. Во програмата учествуваа Дуо Cantabile (Дамијан Каранфилов – баритон и Ана Велиновска пијано) и Пијано дуо Велиновска – Глигоровска. Гостите имаа исклучителна можност да уживаат во исклучителните дела на Бетовен, Шуман, Рахмањинов, Бах…

bit fest 22 juli (3)

БИТ ФЕСТ: НОЌ СО МЕТАЛМАНИЈА

Рок концерт исполнет со многу музика и забава се случи синоќа во центарот на Битола. Програмската понуда на Агим Џело и неговата „Ноќ со металманија“ создаде посебн атмосфера – вистинска забава за многубројната публика.

БИТ ФЕСТ: СЕНТИМЕНТАЛНИ ЗВУЦИ

Концерт на македонски поп евергрини во инструментална изведба со Христо Христоски- гитара, Трајче Органџиев – пијано и Арсо Јаневски – перкусии се одржа синоќа во дворот на битолскиот културен центар Магаза.

bit fest 22 juli (4)

Концертот понуди инструментална изведба на обработки на македонски забавни мелодии од некогашните Скопски фестивали како и избор хитови/класици од Макфест.

Дел од програмата беа:1. Приспивна за реката 2. Молчи, молчи љубов моја 3. Еден бакнеж 4. Кажи нежто драга 5. Нема да тагувам утре 6. Блиска а сепак далечна 7. Молчи една долина 8. Летај галебе 9. Ивона 10.Плачам 11.Езеро мое 12.Нежност 13. Детство и многу други.

Инструменталните преработки се во оригинален аранжман на Трајче Органџиев и Христо Христовски, а публиката покажа вистинско уживање во вистински избор.

You May Also Like