Оваа кино недела во Синеплекс има два одлични филмови „Вулверин 3D“ и „Ред 2“. Претпремиерата на „Вулверин 3D“ беше синоќа ( 24 јули).
Македонската публика ќе има можност да го погледне филмот 2 дена пред публиката во САД. Официјално филмот ќе биде поставен на редовниот репертоар на Cineplexx почнувајќи од денеска (четврток,25 јули) во 21:00 часот за кога е закажана и премиерата на филмот.
Заснована на култниот стрип, оваа епска авантура го води Вулверин (Хју Џекман) во современа Јапонија. Во овој непознат свет тој се соочува со својот најголем непријател во битката за живот и смрт која засекогаш ќе го промени. Ранлив по прв пат, Вулверин се соочува не само со смртоносниот самурајски челик, туку и со самиот себе. Од внатрешната борба против сопствената бесмртност тој излегува помоќен од било кога претходно.
Хју Џекмен вели дека со нетрпение го чекал снимањето на овој филм и дека и понатаму ужива во улогата на Вулверин: „Да, секој ден се штипнувам поради фактот дека добив прилика да го играм Вулверин. Не можам да поверувам дека добив можност да ја играм улогата на стрип јунакот. Од самиот старт ми беше фасцинантен и сеуште се интересирам за него и го истражувам“.
Овој четврток ќе биде прикажан и филмот „Ред 2“. Пензионирани, вооружени и исклучитено опасни – Брус Вилис, Хелен Мирен и Џон Малкович повторно докажуваат дека немаат време за мирување. Овој пат екипата е на трагите на голема нуклеарна опасност.
Од вчера започна и новата акција на Cineplexx. Станува збор за Cool Day настанот. Љубителите на киното ќе можат да ја искористат секоја среда се до крајот на месец август да се освежуват во Cineplexx. Посетителите ќе може да уживаат во најактуелните филмски наслови по намалени cool цени, во разладените кино сали и со cool освежување.