На 23 август (петок) со концерт на Верица Данилова – сопран во Љубљанската опера, во Кочани започнува втората фаза од манифестацијата „Топол културен бран“.
На 26 август на локалитетот Кај Дабот, во село Бели ќе настапат дел од учесниците на годинашните Струшки вечери на поезијата, а на 27 август ќе се одржи и фолклорна вечер со ансамбли од Охрид и од општината домаќин.
Во периодот од 28 август до 1 септември на браната Градче ќе се одржи меѓународната ликована колонија „Свети Пантелејмон“.
Оваа етапа од „Топлиот културен бран“ во Кочани ќе заврши со концерт на групата „Стрингс“.