Во тек е летниот камп „Ја сакам Македонија“

Во организација на Министерството за надворешни работи, во Охрид се одржува вториот Летен камп “Ја сакам Македонија. На учествуваат вкупно 35 ученици, припадници на македонското национално малцинство во Србија, Албанија, Косово и во Бугарија.

St_Clement_of_Ohrid_Sveti_Kliment_Ohridski

На програмата на Летниот камп кој ќе трае одо 25 август наставата по македонски јазик, македонска култура и историја ја држат предавачи од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

За улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот, националниот и културниот идентитет пред учесниците на Летниот камп предавање ќе одржи и министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Предвидено е учесниците на Летниот камп да ги посетат: Музејот на вода – залив на коски во месноста Градиште, манастирскиот комплекс Св. Наум Охридски, како и Самуиловата тврдина, црквата “Св. Пантелејмон” на Плаошник и Куќата на Робевци во Охрид.

Согласно програмата за работа на Министерството за надворешни работи, предвидено е следната година Летниот камп – 2014 да биде надополнет со ученици Македонци од дијаспората.

извор: Курир

You May Also Like