Во тек е кампањата „Македонија без отпад“

Во рамки на кампањата „Македонија без отпад” викендов во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и асоцијацијата „Ајде Македонија“ се спроведауваат активности за чистење на националните паркови Галичица, Пелистер и Маврово.

mavrovo

Во НП „Галичица“ и НП „Пелистер“ активностите се спроведуваат денеска, а во НП „Маврово“ на 19 август и тоа во период од 10 – 14 часот за сите локации.

На „Пелистер“ ќе се чисти на локациите: Голема Ливада, на пешачките патеки: Копанки – Јоргов Камен – Црвени Стени, потоа Антена – Ловечка куќа и Нижеполе – Дебел Рид до Големо Езеро, како и на локациите Копанки – хотел Молика и Копанки – Палиснопје – Информативен центар.

Во НП „Галичица“ е предвидено чистење на локации од Охридската страна на паркот: на излетничките места Корита и Јадера кај Св.Наум и покрај патот Охрид-Св Наум, а од Ресенската страна, на крајбрежјето на Преспанското Езеро, кај с. Стење каде ќе се отстранува извадената трска од езерото.

Чистењето во НП „Маврово“ ќе се реализира по завршувањето на Еко грин фестивалот најавен за 16 до 18 август и тоа на локации: фудбалски терени во с. Маврово, ски-патеки, крајбрежје на Мавровско Езеро до црквата во вода.

Во акцијата активно се вклучени управите на трите национални парка, општините Охрид, Ресен, Битола и Маврово и Ростуше, јавните комунални претпријатија, локалните здруженија на граѓани, туристичките и угостителски работници, планинари и алпинисти, Црвениот крст на Македонија, извидниците, колективните управувачи со отпад од пакување: ПАКОМАК и Еко клуб и др.

 

извор: net.com.mk

You May Also Like