Режисерот Иво Трајков од денес (сабота, 20 јули) во Охрид ќе го снима краткиот игран филм „Exchange“ („Размена“).
Станува збор за љубовна приказна по сценарио на Трајков и Верица Недеска – Трајкова, што ја финансира руска продукција, а македонски продуцент е „Кавал филм“, пренесе „Дневник“.
Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Верица Недеска – Трајкова и Русинката Викторија Мироваја. Помали улоги имаат и Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. Филмот ќе се снима шест дена во Охрид и еден во Скопје.
Во филмот ќе се зборува на англиски и на македонски јазик, а дејството се случува токму во Охрид.