Режисерот Слободан Унковски во Драмскиот театар во Скопје ги започна пробите на новиот текст на Горан Стефановски “Огнени јазици”.
Во праизведбата на “Огнени јазици” играат: Драган Спасов – Дац, Благој Веселинов, Сања Арсовска, Јовица Михајловски, Зоран Љутков, Соња Стамболџиоска, Диме Илиев, Игор Ангелов и Биљана Драгиќевиќ – Пројковска.
Композитор на музиката е Златко Ориѓански. Текстот е нарачан од Театарот, а ова е десетта соработка меѓу Унковски и Стефановски.