По синоќешниот (петок, 09 ноември), голем концерт на ансамблот за народни песни и игри „Танец“, денешниот ден (сабота) е посветен на визуелните доживувања.
Во рамките на проектот „Кич, да!?/ Сте или не?“!!/ 2012 вечерва се реализира изложбата на респектираниот македонски уметник Симон Шемов. Изложбата ќе биде поставена во Фоајето на Центарот за култура Битола.
Во 20:00 часот, во малата сала се одржува Мобил фест, интернационалниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, при што ќе бидат прикажани филмовите од главната фестивалска вечер.
Во духот на филмската уметност во рамките на Арт киното (мала сала) од понеделник до недела (од 12ти до 18ти ноември) ќе се прикажува долгометражниот анимираниот филм „Паника во селото“, секој ден во 20.00 часот. „Паника во селото“ е белгиски филм кој претставува врвно уметничко достигнување за возрасните, додека за децата е уживање во многуте комичните ситуации предизвикани од главните ликови Индијанецот, Каубоецот и Коњот.