Скитара се враќа на музичката сцена, но овој пат и како DJ на електронска музика. Веќе добро го знаеме како артист и музички продуцент, под чија палка се наоѓаат бројни песни на македонски артисти.
Електронската музика ќе продолжи да го претставува талентот на Скитара и на ова поле. “One shot” е неговиот нов Еlectro/Progressive House сингл кој од денес е веќе достапен за јавноста. Скитара кој повеќе не е дел од “Токсикологија мјузик”, активно работи на своите нови проекти кои ќе го покажат во сосема ново и поинакво светло.