Плажа, море, зајдисонце кое го одзема здивот – песната „Дојди со мене“ на Елена Миленковска доби видео запис, соодветен за нејзиниот заразен брз ритам.
Видеото се снимаше на неколку локации во Торони, Халкидики и во него се појавуваат и 15-тина манекенки од модното студио „Црнокрак“. За потребите на спотот во Грција од Скопје патуваше екипа со повеќе од 30-члена, а „Горила продукција“ се погрижи снимањето да помине во најдобар ред.
Како и за претходниот видео запис, и за „Дојди со мене“, Елена соработуваше со режисерот Владимир Дади Ивановски, кој во сценариото повторно успеа да вметне згоден партнер за неа – манекенот и модел Нинослав Милошевски.
„Дојди со мене“ е дело на Лазар и Магдалена Цветскоски, кои се погрижија за музиката и аранжманот, односно текстот. Елена не планира да застане и да одмори, туку веќе започна да работи нејзиниот следен музички проект.