ВИАРТ – нов креативен центар за најмладите

Издавачката куќа Феникс и Фондацијата „Македонија презент“ отворија нов креативен центар за деца и млади – ВИАРТ. Центарот е во близина на Универзалната сала во Скопје.

Во Kреативниот центар ВИАРТ (визуализација, интеракција, анимација, реализација, творештво) ќе се создаваат и публикуваат различни креативни, инвентивни и интерактивни изданија наменети за најмладата читателска популација. Истовремено ќе се организираат и промоции, презентации, детски саеми и други манифестации.

You May Also Like