Вечерва (петок, 5-ти јули 2013 година) на програмата на овогодинешното издание на Бит Фест ќе може да ги проследите следниве настани:
20:00 часот Мала сала – Завод и музеј
Реставрирање на културното наследство – реставрирање на пријателските односи – ЗГ Ековаст
Здружението на граѓани ЕКОВАСТ (Европски совет за села и мали градови) оваа година ја збогатува програмската содржина на манифестацијата БИТ ФЕСТ 2013 со својот меѓународен културен настан РЕСТАВРИРАЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО – РЕСТАВРИРАЊЕ НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ.
21:00 часот Народен театар – Битола
Лет над кандидатското гнездо
режија: Андреј ЦВЕТАНОВСКИ
сценограф: Владо ЃОРЕВСКИ – РАФИК
костимограф: Фросина НАСТЕВСКА
музика: Дејан ЈАНУШЕВ
Оваа претстава сакам да му ја посветам на мојот татко Владо Цветановски, неуморен фантазер, од кого ја научив македонската традиција и бит, но исто така научив дека секогаш треба да ја преиспитувам, вели режисерот Цветановски.
21:00 часот КЦ Магаза
Концерт на AD GLORIAM BRASS – Загреб
Стјепан Филипиќ- труба, Игор Хрустек- труба, Марио Лончар- труба, Срџан Пејиќ- рог,
Марио Шинчек- тромбон, Ивица Гечек – туба
„AD GLORIAM BRASS“ е состав од шест членови на лимени дувачки инструменти од оркестарот при операта ХНК во Загреб, Симфонискиот оркестар ХРТ и Загребачката фрилхармонија. Основан е во 1993 година и оттогаш непрекинато работи со малку изменет состав. Нивниот репертоар го сочинуваат дела на европски и хрватски мајстори, од ренесансата и барокот ( F.Sponga, V.Jelic, J.Clarke, H.Purcell, G.F.Handel, J.S Bach), дела на современи хрватски автори, од кои некои се напишани посебно за овој ансамбл (A. Klobucar, S.Dedic, M. Miletić, A. Igrec, Z.
21:00 часот Летна сцена – Тумбе кафе
Отворено летно кино
ЗГ МИОЦ
22:00 часот BUS FEST
V-от по ред BUS fest или Bitola United Summer fest
BUS fest e единствениот традиционален ХИП ХОП фестивал во Битола, а оваа година добива и интернационален карактер.Покрај групите од Македонија , како Стиховно Војување, Поетика,Тракер, Арди, S.N.S и други изведувачи,
вечерта ќе ја затворат гостите од Србија, легендите на балканската рап сцена, ненадминливите CYA.
22:30 часот Fashion weekend – Широк сокак