Вечер на словенечка музика и поезија во Скопје

Вечерва (среда, 18 септември) во 20:00 часот во НУБ Свети Климент Охридски Словенечкиот центар од Скопје организира Вечер на словенечка музика и поезија.

gitara1

На овој настан ќе настапат членови на Словенечкиот центар, Скопје, односно младите Словенци кои живеат во Скопје, а ќе присуствува Тина Комел, министерка во Владата на Република Словенија и воедно раководител на Службата на Владата на Р. Словенија за Словенците во соседството и во светот, Санди Бонаца, раководител на кабинетот на министерката, Алеш Селан, виш советник во оваа служба на Владата на Р. Словенија, а настап ќе има и кантавторот Зоран Предин. Предин е познат словенечки музичар, кантавтор, лидер на култната словенечката рок група „Лачни Франз“ и автор на химната на Евробаскет 2013,

Вечерта се одржува по синоќешната промоција на книгата „Втора жена во харемот“ од Предин, на која промотори беа: Сашо Стојковски, Олга Станковиќ, проф. д-р. Лидија Аризанковска – промотор на книгата, м-р Александер Кребл – промотор на книгата, Драган Б. Костиќ.

Настаните се реализираат во соработка со Друштвото на писателите на Македонија и Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Скопје.

You May Also Like