Денеска (вторник, 20 август) во 21:00 часот во Пациото на Завод и Музеј во Битола ќе се одржи „Вечер на македонски песни и ора“ со Сашко Савевски.
Во исто време во КЦ Магаза продолжуваат Филмските денови „See a Paris” со проекција на филмот „Септември“ – Турција – Филм на Чемил Агачикоглу.„Септември“ се фокусира на женско – машките односи. Сопругата на Јусуф (Асли) е хоспитализирана поради заболување на белите дробови. Нејзиниот страв од смртта и осаменоста е толку силен што таа ги споделува своите проблеми со нејзиниот сопруг и со тоа го повлекува и него во осаменост. Парот почнува да се отуѓува еден од друг. Девојката се среќава со млада жена (Елена) во болницата. По напуштањето на болницата, таа контактира со Јусуф барајќи помош. Постепено расте интимност помеѓу нив…
Во 22:00 часот на Летната сцена на Тумбе кафе ќе се одржи Трибјут на Нирвана – анплакт со The Goverment.