Вечер на кратки унгарски филмови во Скопје

Филмскиот настан ЗУМ е меѓународна филмска иницијатива во Скопје во чиј фокус се современите продукции на кратки и документарни филмови.

zoom_hungary_skopje_poster

На 9 ноември 2014 (недела) во Менада ќе се одржи ЗУМ Унгарија – вечер на унгарски кратки филмови (фикција, експериментални, анимација, документарни) од млади унгарски режисери.

Организатор на ЗУМ Унгарија е Љубљанскиот меѓународниот фестивал за краток филм, со поддршка на Институтот Балаши од Будимпешта и Лекторатот по унгарски јазик, Скопје. Организаторот би сакал да ја искаже и својата голема благодарност до Златко Панзов и Бисера Анастасова, соработници од Македонија.

Филмскиот настан ЗУМ е меѓународна филмска иницијатива во Скопје во чиј фокус се современите продукции на кратки и документарни филмови и има за цел поблиску да ја запознае македонската публика со ваквиот вид продукции.

You May Also Like