Вечер на ЕУ на Охридско лето – Концерт на класична гитара на Baltic Guitar Quartet

На програмата на Охридско лето утре (петок, 9 август), во Света Софија фестивалските возбудувања продолжуваат со концерт на Baltic Guitar Quartet во рамките на Вечер на Европска Унија.

BGQ_005

Концертот на познатиот и атрактивен квартет на гитари, започнува утре вечер од 21:00 часот. На програмата се дела на Бокерини, Рукс, Рубенс, Пјацола, Брамс, Metallica

Квартетот BGQ е водечки ансамбл на гитари во Балтичките земји, а членовите на квартетот се победници на различни натпревари и активни солисти, а нивната музика е сензитивна, колористична и рафинирана без претенциозност, вели селекторката на музичкиот дел на програмата Гордана Јосифова Неделковска.

Музичкиот селектор изрази задоволство што фестивалот Охридско лето ја продолжува традицијата, вклучувајќи по 7ми пат концерт насловен како „Вечер на Европска Унија“.

BGQ_004

Секое фестивалско издание, „Вечер на Европската Унија“ е посебно интересен настан, секогаш со учество на врвни уметници кои доаѓаат од земјата која е претседавач на ЕУ во тој период. Оваа година, ја имаме честа наши гости да бидат познатиот Baltic Guitar Quartet кои се за прв пат во Македонија и на фестивалот Охридско Лето, рече Јосифова Неделковска која од името на Дирекцијата на фестивалот се заблагодарувам на канцеларијата на Европската Унија во Македонија за долгогодишната соработка и подршка за реализација на овој концерт со надеж дека оваа успешна соработка ќе опстојува уште долги години.

Baltic Guitar Quartet се оформи во 2004 а во сегашниот состав квартетот функционира од 2008 г., кога белгискиот изведувач Крис Рубенс им се придружи на Зигмас Чепуленас, Сергеј Криницин и Саулиус С. Липчиус. Сите музичари се победници на различни натпревари и активни солисти, а нивната музика е сензитивна, колористична и рафинирана без претенциозност.

 

BGQ_002

Квартетот се усовршувал во областа на камерната музика со проф. Петрас Кунцас, како и во соработката со истакнатите музичари и ансамбли: Los Angeles Guitar Quartet, Оскар Гилија, Пепе Ромеро, Роланд Диенс, Дејвид Расел, Лаура Јанг и дуото Бандини Чијачијарета. Репертоарот на Baltic Guitar Quartet содржи композиции од различни периоди – од Ренесанса до современа музика. Потрагата по уникатниот звук и нови композиции резултира со нивните сопствени обработки на делата од класичниот репертоар, Балканската музика и рок музиката, а специјално за нив создаваат и познатите композитори.

Baltic Guitar Quartet активно настапува со еминентните солисти и ансамбли и е присутен на главните концертни подиуми во Австрија, Белгија, Кина, Кипар, Данска, Естонија, Италија, Јапонија, Македонија, Молдова, Полска, Русија, Чешка, Турција, Украина, Германија, и Велика Британија, настапувајќи во „Berlin Philharmonic“, „Royal Castle“ во Варшава, „Southbank Center“ и „St. James‘s Church“ во Лондон, „Forbidden City Concert Hall“ во Пекинг, како и на најзначајните европски фестивали.

You May Also Like