“Бонд” девојките воодушевени од Охрид пред вечерашниот настап

Девојките на светски познатиот гудачки квартет „Бонд“ синоќа пристигнаа во Охрид. Во придружба на селекторот на музичкиот дел на Фестивалот, Гордана Јосифова Неделковска, првиот поглед го упатија кон езерото. Занемени од глетката, од терасата на хотелот Инекс Горица, посакаа само да уживаат во мирот и тишината.

bond ohrid 3

– Ова е прекрасно место, волшебно, кратко искоментираа девојките кои вечерва на Антички ќе одржат концерт на фестивалот „Охридско лето“.

Претходно во Скопје на членките на британскиот квартет добредојде им посакаа министерската за култура Елизабета Канческа-Милеска и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, кои им приредија прошетка низ објектот на „Стариот театар“.

Прв пат сме во Македонија и во Скопје и воодушевени сме од градот, од неговата убавина и од културата и историјата, и за тоа како театарот е реконструиран. Го очекуваме со нетрпение нашиот настап во Охрид и се надеваме дека тоа ќе биде еден од многуте кои ќе следат во Македонија, вели една од девојките.

На концертот ќе музицираат нумери од сите нивни албуми, а една ќе изведат специјално за македонската публика. Станува збор за композицијата „Александар Велики“, која е од нивниот прв издаден албум. Појаснуваат дека нумерата е на предлог на нивниот продуцент, чија сопруга е Македонка по потекло.

bond ohrid 2

bond ohrid 1

Составот го сочинуваат Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело). Образованието го стекнале на најпризнатите музички институции во светот, а нивното музицирање е извореден чин на пркосење на стиловите. Се сметаат за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Од првото деби, групата има продадено неверојатни пет милиони албуми низ целиот свет. Црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, елетро, индиските и стиловите од средниот исток.

Во текот на 10-годишното посетоење Бонд имаат безброј настапи на телевизии низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, на големи телевизиски шоуа, а неколку пати има и патувано на распродадени турнеи низ целиот свет. Досега имаат издадено 56 платински и 15 златни дискови низ целиот свет.

You May Also Like