Богат викенд на манифестацијата „Три круши“

Богата програма го одбележа минатиот викенд во верско-рекреативниот центар  „Три круши“ во Кисела Вода.

tri-krusi

 

Во петокот, целовечерен концерт одржа тамбурашката група „Гезме”, која повеќе од два часа ги забавуваше присутните посетители на верско-рекреативниот центар „Три круши” со широк репертоар на традиционални македонски песни со етно призвук.

Саботата пак, беше резервирана за најмладите. Имено, годинава по петти пат се одржа детскиот фестивал „Три круши”, на кој се претставија вкупно 19 учесници, кои се впрочем и ученици во основните училишта во општина Кисела Вода.

Веднаш по детскиот фестивал, на преполниот амфитеатар на верско-рекреативниот центар „Три круши” се изведе и детската претстава „Македонска приказна” од страна на ансамблот на Театарот за деца и младинци.

Програмата на овогодинешното културно лето продолжува следниот викенд, а до крајот, кој ќе се случи на 3-ти Август, преостануваат уште 3 културни настани.

You May Also Like