Денес (вторник, 2 јуни) на програмата на Бит Фест во Битола, ќе можете да ги проследите следните настани:
20:00 часот Изложбен салон – Центар за култура
Изложба – АРТ ФЕСТ: Изложба на Александар Јоначиќ, Изложба на Мирко Пејковски и традиционална изложба на уметнички дела од повеќе области: дрворезба, фотографија, слика масло на платно, карикатури и стрип.
Оваа година АРТ ФЕСТ ќе понуди изложба на фотографии и илустрации.
20:30 часот Концертна сала Музеј
„Музичко Виножито“
Детски хор „Ѕвончиња“
21:00 часот Летна сцена Тумбе кафе
„Отворено летно кино“
ЗГ МИОЦ
21:00 часот КЦ Магаза
Концерт на современ џез „Венци Благоев квартет“ Бугарија
Венци Благоев труба, Сашо Поповски гитара, Оливер Јосифовски контрабас, Александар Секуловски тапани
Венцислав Благоев е водечки џез артист во Република Бугарија. Дипломирал на Државната музичка академија Панцо Владигеров Софија на класична труба, а магистерските студии ги завршил на Брукнер Конзерваториумот во Линц – Австрија – џез оддел. Соработувал и насртапувал со Ранди Бракер, Ари Роланд, Милчо Левиев, Мартин Џаконовски, Вики Алмасиду и други. Има издадено 12 носачи на звук и е уметнички директор на 4 џез фестивали воРепублика Бугарија, а во 2010 година ја добива престижната награда Златна Лира, за најдобар џез артист во Република Бугарија.
Сашо Поповски е доцент на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, на одделот за џез музика.Соработувал со: Тони Китановски, Оскар Салас, Гоце Мицанов, Димитар Карамфилов, Милчо Левиев, Мартин Ѓаконовски и други.
Оливер Јосифовски е лидер на етно составот Љубојна, но и учесник во бројни џез и блуз проекти. Соработувал со Тони Китановски, Гоце Мицанов, Оскар Салас, Мартин Ѓаконовски и други. Напишал музика за бројни театарски претстави.
Александра Секуловска е вонреден професор на Универзитетот Гоце Делчев – Штип, на одделот за џез музика. Соработувал со Тони Китановски, Гоце Мицанов, Изет Кизали, Васил Хаџиманов, Мартин Ѓаконовски и други.
На програмата ќе бидат исполнети авторски композиции од Венцислав Благоев и Сашо Поповски, како и џез стандарди.