Богата културна вечер на Бит Фест (петок, 12 јули)

Во 19.00 часот во Културниот центар Магаза, во рамките на БИТ ФЕСТ ќе се одржи „интеркултурна вечер“ во организација на Здружение на граѓани Together Macedonia.

sirok-sokak

Најдобриот начин за запознавање на културата на некоја земја е нејзината традиционална храна и пијалок. Гостите ќе имаат можност да се запознаат со традицијата на земјите, како и да слушаат типична музика за секој од регионите.

Во 21.00 часот во Културниот центар Магаза ќе се одржи промоција на книгата „Од мој агол“ на авторот Менде Младеновски. Книгата „Од мој агол“ се објавува во рамките на едицијата „Поводи и погледи“, на битолскиот новинар и уредник на Битолски весник.

Во книгата „Од мој агол“, поместени се 46 колумни кои авторот Менде Младеновски ги има објавено на страниците на Битолски весник во 2012 година.

Промотори на книгата ќе бидат рецензентите на книгата, професорот по новинарство и комуникологија Проф. Томе Груевски и познатиот битолски новинар и публицист Панде Манојлов, главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Дневник“ – Дарко Јаневски и помошникот на главниот уредник на „Нова Македонија“ – Марјан Велески.

Во рамките на фестивалот „Ренесанс“ на Бит Фест предвидени се следните содржини 20:00 часот “Кантервилскиот Дух“, Оскар Вајлд – Перформанс @ Магаза Altitudinal Origami @ Магаза

21:00 часот Dj сет & Visuals @ Градски Парк / Петар Димоски, Вера Умка, Јован Георгиев (live), Тони Димитров (Postglobal/ Kanal 103), Виктор Ристевски

You May Also Like