Од утре (четврток, 1 август) во киното Милениум следува македонска премиера на новиот филм „Блинг ринг“ на оскаровката Софија Копола.
Филмот работен по вистинска приказна, третира исклучително интересна општествена појава, опсесијата на модерниот млад човек со познатите или богатите личности.
Режија: SofiaCoppola
Улоги: KatieChang, IsraelBroussard, EmmaWatson
Траењенафилмот: ’90
Жанр:Драма, Акција
Инспириран од вистински настан, објавен како статија во престижниот магазин “VanityFair“, филмот не води во лажниот „селебрити“ свет на група млади луѓе, односно во „селебрити“ светот кој тие сакаат да го ограбатилиприграбат. Бандата наречена Блинг Ринг, користејќи интернет како средство за полесно следење на познатите холивудски фаци, успева да „провали“ во нивните домови и да „чепне“ дел од нивното богатство, но и да доживее дел од нивната слава….
Оваа недела има уште една репертоарска премиера, овој пат во терминот за европски филм. „Ангелскиот дел“ филмот на фантастичниот британски режисер Кен Лоуч, кој првично беше прикажан на фестивалот Синедејс, сега на редовниот репертоар на кино Милениум.