Денеска (среда, 18 јули) во НУБ „Св Климент Охридски“ во Битола беа промовирани книги за Градот од домашни автори. Во Зоолошката продолжува фестивалот „Мечиња-дечиња“, а вечер на Тумбе-кафе со „Шерлок Холмс“ се затвора годинашното отворено летно кино.
Под заедничкиот наслов „Битола низ пишаниот збор низ времето“ денеска претпладне беа промовирани книги за градот на конзулите, чии автори се со потекло од Битола. Писателите се членови на ДПМ,а за нив и за промовираните книги говореа Благој Николов и Илче Стојановски.
Во зоолошката градина во 18:00 часот продолжува детскиот креативен фестивал „Дечиња мечиња“, а на Тумбе кафе од 21.00 часот завршува програмата на отвореното летно кино со филмот „Шерлок Холмс: Игра на сенките“ ( Sherlock Holmes: A Game of Shadows). Британско-американскиот акционен филм со елементи на мистерија е во режија на Гај Ричи и продуцентите Џоел Силвер, Лајонел Виграм, Сузан Дауни и Ден Лин. Остварувањето на Ричи е независен продолжеток на филмот „Шерлок Холмс“ од 2009, и исто така е заснован на истомениот главен лик од романот на писателот Артур Конан Дојл.