Бит фест: викенд-резиме (недела, 18 август)

Во изложбениот салон на Центарот за култура вчера (недела, 18 август) беше отворена изложбата „Урбана култура“. Фотографиите се дела на Христо Фиданов и Димитар Атанасов.

stand_up_marjan_gjorgievski_bit_fest

Во античкиот локалитет Хераклеа се одржа промоција на проектот „Античката медицина во Хераклеа“. Проектот претставува еден дел од античкиот начин и стил на живеење и лекување на болестите, тегобите, но и попријатните аспекти од животот– разубавувањето и козметиката.

Во Културниот центар Магаза во рамките на Филмските денови „See a Paris“ се одржа проекција на филмот „Изгрејсонце“ (Албанија/Грција),во режија на Роберт Будина.

На Летна сцената сцена на Тумбе кафе Бит Фест вчеравечер понуди исклучителне рок вечер со рок концертот „Мојот свет“. За исклучителната забава се покрижи рок групата „Рок банда“.

Вчерашниот ден нa Бит фест го заокружи стенд-ап настапот на популарниот актер и комичар Марјан Ѓорѓиевски.

You May Also Like