Битолските Ѕвончиња со прво место од Бугарија

Битолскиот детскиот хор „Ѕвончиња“  постигна извонреден успех на Интернационалниот арт фестивал кој се одржа минатата недела во Созопол, Бугарија.

zvoncinja bugarija 2013

Во присуство на над 700 учесници од сите земји во светот детскиот хор „Ѕвончиња“ ја освои првата награда во категоријата на класична музика, а членката на овој хор Магдалена Кочоска исто така ја освои првата награда во категоријата естраден вокал.

Само два дена пред заминувањето на фестивалот, „Ѕвончињата“ одржаа  концерт во НУ Завод и музеј – Битола во рамките на годинешното издание на Битфест. Концертната сала беше претесна за да ги прими сите љубители на музицирањето на малите пионери на класичната хорска музика,а концертот заврши со овации од публиката и изведувачите.

zvoncinja

 

 

You May Also Like