Синоќа (недела, 15 септември) Малиот драмски театар од Битола, со монодрамата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, во режија на Роберт Симоновски, а во која игра актерот Здравко Стојмиров, настапи на фестивалот ФИАТ во Подгорица.
Станува збор за возобновен фестивал на алтернативен театар со натпреварувачки каратктер , чија годинашна тема е „Политички театар“ . Во периодот од 1-15 септември на него настапија театри од Србија, Босна и Херецеговина, Македонија, Хрватска, Словенија и домаќинот Црна Гора.