Вечер (понеделник, 29 јули) во 21:00 часот во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, Битолскиот народен театар ќе ја изведе претставата „Тартиф“ од Молиер, во режија на Сашо Миленковски.
Комедијата Тартиф од Молиер премиерно била прикажана уште во 1664 година.
Оваа комедија е всушност редица на интересни ликови, но, денес за нас не е толку важно која личност била прототип на Тартиф, туку поважен е фактот дека Тартиф е израз на една општествена појава која пуштила длабоки корени во тоа време.
Првата црта со која се одликува Тартиф е сложената тактика со која се служи при измамата со луѓето. Лицемерството, интригата, способноста брзо да ги открие слабите страни на човечката душа, тоа се карактерните црти на Тартиф.
Режија ………………………Сашо Миленковски
Сценографија…………….Зоран Николовски
Музика……………………….Венко Серафимовски
Костимографија………….Благој Мицевски
Кореографија………………Александра Азизбаева
Инспициент………………….Мирослав Лазаревски
Суфлер……………………….Радојка Димеска
УЛОГИ
Госпоѓа Пернел……………..Јулијана Стефанова
Оргон……………………………..Никола Пројчевски
Елмира……………………………Менка Бојаџиева
Дамис……………………………..Филип Мирчевски
Маријана………………………….Маја Андоновска
Валер………………………………Васко Мавровски
Клеан……………………………….Душко Јовановиќ
Тартиф…………………………….Огнен Дранговски
Дорина……………………………..Кристина Христова Николова
Борче Ѓаковски
Александар Стефановски
Маријан Ѓоргиевски
Катерина Аневска