Битола со конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“ за 2013 година

Општина Битола го објави традиционалниот јавен конкурс за доделување на наградата „4-ти Ноември“ за 2013 година која може да ја добијат правни и физички лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во минатата година.

bitola (1)

Наградата се доделува во две категории, за едногодишни достигнувања во сферата на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат особен придонес за развојот на општината.

Во втората категорија се доделува единствена награда за животно дело која претставува заокружена, континуирана творечка целина, информираат од општина Битола.

Право на предлагање кандидати за наградите имаат правни и физички лица, здруженија на граѓани, група на граѓани и поединци кои предлозите може да ги доставуваат најдоцна до 2. октомври за кои потоа ќе одлучува Управниот одбор на Фондот за наградата „4-ти Ноември“.

Врачувањето на наградите за најуспешните вообичаено се врши на 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, празникот на градот.

You May Also Like