Бестселерот за Хитлер и на македонски јазик

Бестселерот на Тимур Вермеш „Види кој се врати“, се појави во Германија и ги крена Германците на нозе. Потоа го продолжи „блицкригот“ во неколку соседни земји, како што е Италија, со изненадувачки реакции. И веднаш потоа реши да ја посети и Македонија. Прва на Балканот и четврта во светот.

vidi_koj_se_vrati_kniga

Книгата во моментов се преведува на 35 јазици и само во Германија е продадена во над половина милион копии. Освен тоа, наскоро се очекува да се сними и филм. Колку и да звучи чудно, Хитлер се враќа на голема врата.
И, како ретко кога, Македонија е во чекор со книжевните трендови. На 15 септември и домашната публика ќе може да ја чита книгата на македонски јазик пред останатиот Балкан и поголемиот дел од земијната топка. Нашето издание е четврто во светот и прво на Балканот. Англиското, српското, хрватското, бугарското, сите тие ќе се појават дури во 2014 година. Досега Види кој се врати е објавен во Италија, Данска, Норвешка, а по појавувањето во Македонија се очекува и преводот на португалски, шпански, каталонски, унгарски, чешки. Во сите држави Види кој се врати е меѓу 10 најпродавани книги на топ листите. Освен наведените, во процес се и преводите на арапски, бугарски, кинески, холандски, естонски, француски, грчки, исландски, јапонски, корејски, латвиски, полски, романски, литвански, руски, словачки, шведски, словенечки, турски, виетнамски, тајландски.

 

Во соопштението за книгата се вели:

Хитлер се буди
„Лето 2011-то. Адолф Хитлер се буди среде Берлин. Нема војна, ни партија, ja нема дури ни Ева. Само тој, опкружен со илјадници странци, и со Ангела Меркел. Речиси седум децении по заминувањето од светот на најголемиот командант на сите времиња, сега тој е заглавен во сегашноста. Хитлер одново ја почнува кариерата и, наспроти сите очекувања, се појавува – на телевизија.
Хитлер во романот не е комична фигура и токму затоа и вистински заплашува. А земјата по која чекори е цинична, бескрупулозна, гладна по резултати, дури и по децении демократија, совршено беспомошна против рејтинзи, кликови, лајкови и слични тракатанци.
Што каша би можел да спржи Хитлер денес? Оваа лута сатира е обид да го разбуди најголемиот диктатор и убиец во денешниот, современ свет. Уште од првите страници станува толку болно, затоа што протагонист е всушност Хитлер. Не е таму некоја ТВ-карикатура односно холивудска фаца, туку човек кој самоволно ја анализира својата околина и јасно и остро ги препознава слабостите кај луѓето. Целосно ја следи својата бизарна логика, упорно но и нималку глупаво. Напротив, Хитлер расудува многу нормално, или барем многу понормално и од самите нас денес.

Смееме ли да се смееме
Ова е книга за патот на Адолф Хитлер од една чистинка во центарот на Берлин, преку еден киоск, хемиско чистење, сè дур стигне на вистинското место, на телевизија. Ова е книга која помалку пакосно и перфидно ве држи без здив додека уживате читајќи ја. Затоа што, како читател, честопати ќе се фаќате себеси дека не му се смеете на Хитлер туку се смеете во друштво со Хитлер. Смеење во друшто со Хитлер – можно ли е тоа? Смееме ли воопшто да го правиме тоа? Откријте сами.“

Фан страница на книгата на Фејсбук

И трејлер со македонски титл

You May Also Like