Градот Скопје, заедно со поголем број општини во градот Скопје организираат бесплатни обуки по информатика и англиски јазик.
Ова го соопштија на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со градоначалниците на Бутел, Петре Латиновски, Општина Аеродром, Ивица Коневски, Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ и Општина Гази Баба, Тони Трајковски.
Обуките за бесплатна обука за основни познавања од информатиката и англискиот јазик се наменети за сите жители на Скопје, без оглед на нивната возраст.
Рокот за пријавување за бесплатните обуки, кои се организирани од Градот Скопје и средните училишта во надлежност на Градот, е до 13.09.2013 година (петок), секој работен ден од 08 до 14 часот и сите заинтересирани можат да се пријават наследните телефонски броеви:
• СУГС „Никола Карев“ (телефон 3072 773)
• СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ (телефон 3115 116)
• СУГС „Јосип Броз Тито“ (телефон 3215 088)
• СУГС „Орце Николов“ (телефон 3065 555)
• СУГС „Кочо Рацин“ (телефон 2031 302)
• СУГС „Панче Арсовски“ (телефон 3173 645)
• СУГС „Георги Димитров“ (телефон 3065 586)
• СУГС „Васил Антевски Дрен“ (телефон 2777 343)
• СУГС „Марија Кири – Склодовска“ (телефон 2403 141)
• СУГС „Владо Тасевски“ (телефон 2400 040)
• СУГС „Димитар Влахов“ (телефон 2464 590)
• СУГС „Михајло Пупин“ (телефон 2529 720)
• СУГС „Браќа Миладиновци“ (телефон 2791 044)
• СУГС „Здравко Цветковски“ (телефон 3062 694)
• СУГС „Арсени Јовков“ (улица „Костурска“ бб, телефон 2612 813)
• СУГС „Лазар Танев“ (улица ,,Стрезова“ бб, телефон 3085 035)
• СУГС „8 Септември“ (булевар „Александар Македонски“ бр.24, телефон 3175 077)
• СУГС „Цветан Димов“ (улица ,,Џон Кенеди“ бр.16, телефон 2616 354)
• СУГС „Панче Караѓозов“ (булевар ,,Во“ бб, телефон 3126 336)
• СУГС „Боро Петрушевски“ (булевар ,,Александар Македонски“ бр.24 б, телефон 3115 819)
• СУГС „Зеф Љуш Марку“ (улица ,,Лазо Трповски“ бб, телефон тел.2634 312 л.102)
За паралелните обуки кои се организирани од неколкуте општини во Градот Скопје, информации за пријавувањето ќе бидат дадени од соодветните општини.
Кандидатите за пријавување треба да понесат фотокопија од лична карта и да остават број на телефон, како и информација за кој курс се заинтересирани кај секретарите на училиштата. На крајот на курсот кандидатите ќе полагаат тест, по што ќе добијат и соодветни сертификати.