Берово подготвено за Ethno Square Festival

Берово е подготвено на 24/25 август на плоштадот да го одржи Ethno Square Festival, своевиден подвижен музеј на своето непроценливо културно богатство негувано со генерации.

berovo plostad 1

Етно плоштадот во Берово ќе биде вистинската дестинација за сите со вистински вкус за забава и култура. Годинава настапува Елица Тодорова и Lira dance Bulgaria, која инаше два забележителни настапи на Евровизија. Ќе настапат и легендарните Леб и Сол, Симон Киселички Трио и неколку етно групи и ансамбли (Зора, Били Естебан, Етно Малеш, Китка, КУД Никола Вапцаров и др.)

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на индивидуални уметници и групи кои изведуваат автентична фолклорна музика, но и стилизиран фолклор во сите форми: џез, фјужн, електронска музика…

Годинава фестивалот ќе биде збогатен со уште еден жанр кој е комбиниран со етно музика. Симон Киселички е еден од најдобрите џез музичари во Македонија. Tој го промовира неговиот нов етно џез проект кој ќе биде изведен на етно фестивалот во Берово.

Посебна магија на плоштадот дава Саемот за домашни производи „Малешевијата на Дланка” кој е поделен во три сектори здрава храна, ракотворби и сувенири, и резби.

Посебна традиција во Малешевијата е обработката на млеко и производство на сирења и млечни производи, надалеку познати по квалитетот. Шумските плодови одкои се производуваат сокови, компоти, џемови, оцети… Мед и другите пчелни производи кои се со посебен вкус и докажан квалитет. Тука ќе може да вкусите специјалитети од Малешевијата, другите региони во Македонија и регионите од Бугарија и Србија.

Вековна традиција на овие простори е преработката на волна и памук и изработка на облека и други елементи за потребите на домаќинството, кои наоѓаат практична примена…

Обработката на дрвото отсекогаш била потреба и предизивик за вештите раце на мајсторите и уметниците. Разните видови резба се вредни не само како сувенири, туку и како функционални и раскошни елементи за домот.Уметнички апликации на дрво, платно, керамика, стакло, текстил – во различни димензии и со различни мотиви, адаптирани за сечиј вкус.

You May Also Like