Бела ноќ во Битола со Хернан Катанео – „Широк сокак во бело“

Широк Сокак и  по трет пат ќе се обои во бела боја. По ланскиот ексклузивен настап на Давид Моралес, пред тоа и на Кирил Џајковски кој ја преполни најпознатата битолска улица, оваа година гужвата со уште поголема димензија.

Hernan Cattaneo poster

Сите кафе барови на „Широк Сокак“ во соработка со „Горила продукција“ и „Фреш Јунион“ за настанот кој ќе го затвори и обележи ова лето 2013 го носат еден од 20-те најдобри диџеи во светот во моментот. За прв пат во Битола, гостува аргентинскиот лидер на електронската музиката Хернан Катанео. „Широк Сокак во бело“ ќе започне во 21:00 часот вечерва (вторник, 27-ми август).

За сетот на Хернан Катанео, публиката ќе ја загреваат домаќините Б.Маневич, Aцика, К.Петровски, Дејан Декс, Јански, , Дениел и Горан Тех. Настанот ќе се одржува низ целиот Широк Сокак, а во специјално бело издание, гостите ќе ги пречекуваат и „Кафе Ин“, „Игучи“, „Портал“, „Симбол“, „Конект“, „Чек Ин“, „Милениум“, „Папаз“, „Инстинкт“,,Еат & гоу –пица“.

Влезот е слободен, присуството задолжително, белата боја препорачлива.

„Широк Сокак во бело“ – „Бела ноќ во Битола“ настан кој ќе се прераскажува до следното лето.

You May Also Like