Вториот ден (25 јули, четврток) од фестивалот за процесирање култура ДримON е насловен како „Ачик Активизам“ и е посветен на можностите за спој помеѓу уметничкиот и социјалниот ангажман.
12:00 Еко работилница за млади со Христијан Томаноски
14:00 Работилница, дизајн: „Герила штампа“ Горан Ристовски
16:00 Предавање: „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ со Активизмот“ Небојша и Климентина Илијевски
20:00 Предавање: „Побуни се!“ Проф. Д-р Небојша Вилиќ
21:00 ИЗЛОЖБА на Ѓорѓи Крстески „Струшки муабети“
Студио дОМА „Хронологија на една архитектура“
22:00 МУЗИКА: „BLACK AGAINST NIGHT“
ISKRA (Викторија,Канада) MARAS (Гевгелија) DISEASE (Скопје)
IRRITATEMENT (Скопје) ANNA O.(Кочани)
Професор д-р Небојша Вилиќ ќе говори за граѓанската должност на побуна во своето предавање „Побуни се!“. Сопственикот на ПартесСошалАдвертајзинг, Небојша Илиески ќе говори за моќта на креативните индустрии како алатка на граѓанскиот активизам. Младите ќе имаат можност да го искажат својот сопствен став преку креирање парола, плакат или некоја друга печатена форма во рамките на работилницата за активистички плакати, раководена од младиот графички уметник Горан Ристовски.
Овој ден е посебен затоа што ќе го означи почетокот на продажбата на уличното списание „Лице в лице“во Струга и неговите нови продавачи корисници од Порака Нова и Црвен Крст Струга.
Вечерниот дел од програмата во четврток е резервиран за жестокиот настап на ISKRA, MARAS, DISEASE, IRRITATEMENT, ANNA O.Паралелно следат изложбите на фотографии на Ѓорѓи Крстески и Студио Дома.