Атрактивно затворање на манифестацијата „Три круши“

Со концерт на Сузана Спасовска- вечер и со настапот на хорот „Света Злата Мегленска“ и уште неколку познати солисти – утревечер, завршува годинашното издание на културното лето „Три круши“ во населбата Драчево.

 
Вечер во верско-рекереативниот центар „Три круши“ концерт ќе одржи Сузана Спасовска, а утре за затворањето е предвиден спектакуларен огномет, настап на хорот „Света Злата Мегленска“, детскиот хор и двете најдобри изведувачи на детскиот фестивал „Три круши”, Бени Шаќири, Верица Пандиловска, солистот на виолина Пламенка Трајковска и Верица Ристевска. Актерот Петар Темелковски ќе изведе монодрама.

Културното лето во населба Драчево започна на 22 јуни, со вкупно 16 настани и околу 30.000 посетители.

You May Also Like