Археолошки истражувања на Градиште кај кумановско Пелинце

Археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Пелинце, Кумановско се завршени за оваа година…

pelince pitos

Завршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Градиште кај Пелинце, Кумановско, проект предвиден во Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

Екипа на археолози од Националната установа Музеј Куманово во соработка со стручни лица од Археолошкиот музеј на Македонија ги истражуваа правците на протегање и контурите на објектите од железното време, лоцирани во овој локалитет.

Во годинашните истражувања пронајдени се значајни наоди, меѓу кои и голем број на фрагментирани керамички садови и делови од архитектура, кои се од исклучително значење за определување на културните обележја на праисторискиот период во североисточна Македонија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Археолошкиот локалитет „Градиште“ кај Пелинце претставува комплексно повеќеслојно наоѓалиште. Од страна на Музејот во Куманово се истражува уште од осумдесетите години, кога беше откриено уникатно светилиште од раното бронзено време.

Оттогаш, ископувањата се сконцентрирани на населбинското плато, каде што се регистрирани хоризонти на живеење од доцното бронзено време, преодниот период, раното и полното железно време, раната антика и траги на употреба и од римскиот период.

You May Also Like