Денеска (среда, 7 август) на Бит фест 2013 во 20:00 часот во Народниот театар во Битола гостува Струмичкиот театар со претставата „Подземје“. На програмата се и следниве настани:
Двор-Дом на АРМ
„Прва балканска колонија на ракотворби“
ЗГ- Астерион Галери
20.00 ч. НТБ
„Подземје“ Христо Бојчев
Народен Театар Антон Панов Струмица
Оваа „апсурдна“комедија на Христо Бојчев е преведена на повеќе од 10 јазици и досега доживеала повеќе од 20 изведби со различни верзии и наслови.Оваа комедија во која се испреплетуваат елементи на апсурд, фантастика, алегорија и сатира претставува „ода“ на вистинските вредности како љубовта, надежта и вербата во животот, категории кои се изгубени под експанзијата на глобалниот капитализам.
Режијата е на Деан Дамјановски.
20.00 ч.Изложбен салон – Центар за култура
„Убавините на Битола низ фотографија“ ЗГ-Опус Новум