Утре (понеделник, 22 јули) во 12.30 часот во Изложбениот салон на Музејот на Кратово ќе биде отворена изложбата на слики на авторката Анка Данаиловска.
Изложбата се отвара во рамките на манифестацијата „Топол културен бран“ а е во координација со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“, Куманово кој е носител на проектот.
Анка Данаиловска е родена во 1972 година, а во 1995 година Завршила ФЛУ – во Скопје на графички оддел во класата на професорот Димче Николов. Од 2005 година е на магистерски студии во Софија. Досега со самостојни изложби се претставувале во земјава и во странство.