Анимираната авантура „Турбо 3D“ и трилерот „Параноја“ во Cineplexx

Од четвртокот на големото платно на Cineplexx пристигнаа анимираната авантура „Турбо 3D“ и  трилерот „Параноја“.Базиран на истоимената новела од 2004та година, филмот „Параноја“ на Роберт Лукетиќ премиерно ќе биде прикажан во Cineplexx почнувајќи од 29 август.

Paranoia

Критичарите го оценуваат филмот како одлично обмислен и интензивен трилер исполнет со интересна глума на Харисон Форд и Гери Олдман. Адам Кесиди е млад работник, чија практична шега ја загрозува неговата пробна работа во голема технолошка корпорација. Неговите претпоставени му даваат шанса да си ја зачува работата доколку се согласи да изврши деловна шпионажа во корпорацијата која им е ривал. Наскоро, се наоѓа себеси заробен во војна помеѓу  двајца тајкуни, предводници на супер технологијата во светот.

Еден ден пред својата кино премиера во Cineplexx, претпремиерно денес ќе биде прикажан филмот „Турбо“ во 3D. Станува збор за новата анимирана авантура на студиото на DreamWorks, приказна за полжавот кој е голем сонувач.

Turbo

Од авторот на филмовите „Мадагаскар“ и „Кунг Фу Панда“ ни пристига „Турбо“ – супер брза 3D комедија за обичниот полжав кој се осуди да сонува големи и брзи сонови! По необичната несреќа, Турбо добива моќ да биде супер брз и неговите сонови добиваат нова дименизја, додека Турбо се впушта во неверојатна авантура како би го постигнал наизглед невозможното – да се трка против славниот тркач Ги Гањ. Со помош на својата вешта екипа на полжави, овој јунак без многу шанси ќе го стави своето срце и куќичка на цртата за да докаже дека ниеден сон не е преголем, и ниту еден сонувач премал.

Повеќе информации за филмовите можете да најдете на веб страна www.cineplexx.mk .

You May Also Like