Тетовските кафулиња „Амнезија“, „Репаблик“ и „Медисон“ заедно со „Горила продукција“ ви подготвуваат совршен крај на лето 2013 со „Амнезија опен аир фестивал“.
Трета година по ред најголемиот фестивал на отворено ќе ги собере најдобрите хип хоп, реге и хардкор артисти од регионот. По последните два успешни фестивали и неколку илјадната публика, овој „Амнезија опен аир фестивал“ се очекува да ги сруши досегашните рекорди на посетеност.
Фестивалот ќе се одржи на 27 август во Лешок, Тетово, каде под отворено небо, како главен адут на вечерта ќе настапи добро познатата српска банда Бед Копи (Bad Copy), односно контроверзните Ајс Нигурин, Скај Виклер и Тимбе.
Покрај нив на сцената во Лешок, како домашна поддршка на „Амнезија опен аир фестивал“ ќе настапат домаќините „Conquering Lion“, односно најпознатиот даб/реге/хардкор бенд од Тетово. Пред тетовчани и нивните гости со свои музички сетови ќе настапат и диџеј Гоце, диџеј Оки Доки и Спинкор и Рутсман.
Картите за „Амнезија опен аир фестивал“ се веќе пуштени во продажба по симболична цена од 150 денари, а може да се најдат во кафулињата „Амнезија“, „Репаблик“ и „Медисон“.