Американците „Fishtank ansamble“ вечерва во Битола

Вечер (петок, 23 август) во 21:00 часот во Магазата, во рамките на Бит фест, е закажан концерт етно, world music групата „Fishtank ansemble” – USA.

fishtank_poster

Списанието LA Weekly ги нарече „Fishtank ansemble”, „плодна млада музичка група, една од највозбудливите на целата планета“. Се формираа во 2005, свиреа насекаде, во најмодерните клубови и фестивали во Лос Анџелес, културни центри, музеи, паради, на улици, како gypsy jazz band во состав две експлозивни виолини, светски најдобар “slap” контрабасиста, една музичка пила, flamenco i gypsy jazz гитара, оперски, jazz and gypsy вокали и еден мал banjolele. Во музиката која ја создаваат додаваа зачини од француски “hot” džez, диви српски и трансилвански ромски мелодии, шпанско фламенко. Ансамбл кој не треба да го пропушти ниту еден љубител на музиката зошто безусловно ќе ја засака оваа опиена музичка мешавина.

Динамичен, виртуозен, огнен, патувачки квартет Fishtank ансамбл креира свој звук природно инспириран од нивното разновидно музичко и национално потекло како и нивните авантури и истражувањата на многубројните патувања ширум светот. Пејачката Ursula Knudson изведуваше опера на плоштадите во италијанските градови пред да ја засака ромската музика, нивниот француски виолинист патуваше низ Европа со коњска запрега десет години собирајќи различни музички искуства. Нивниот српски контрабасист го поминуваше времето свирејки со ромите но исто така и со рок легендите и има репутација на најдобар “slap” контрабасиста во светот, а гитаристот е мајстор на фламенгото и gipsy jazz гитарата кој своите вештини ги усовршуваше во ромските клубови во Гранада и ширум Шпанија. Нивните перформанси секогаш ги надминуваат и најголемите очекувања на публиката.

Имаат објавено три албуми, свиреле низ сите Соединети Американски Држави, во најпрестижните сали, фестивали и клубови во Вашингтон, Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Бостон Сиетл, Портланд, Денвер и многу други градови. Некои од престижните музичари со кои настапуваа се Tommy Emmanuel, Los Lobos, Rosenberg Trio, Hot Club of Cowtown.

Fishtank ансамблот е модерен амбасадор на различни фолклори од светот со неверојатни вештини и прецизност кои се составен дел од нивната единствена и страсна изведба

Ursula Knudson е класично образован вокален уметник од Сакраменто. После одреден период во брањето на својот вистински музички израз, своето класично музичко образование го става во служба на своите нови музички интереси инспирирани од работата со Fishtank ансамблот. Покрај пеењето во ансамблот, свири виолина и ситни ударни инструменти и музичка пила.

Fabrice Martinez, виолинист кој на 18 години ја започнува својата двегодишна авантура патувајќи низ Европа неколку пати како автостопер со различни инструменти во рака. Овој модерен музички номад седум години ги откриваше западна и источна Европа, патувајќи во рачно направена коњска запрега од јужна Франција преку Италија, Словенија, Унгарија се до Романија. Десет години свиреше во групата “Croque Mule” низ Европа како и со Vinicio Capossella и други италијански и амерички музичари.

Douglas Smolens е омузички образован гитарист кој пред да ја открие страста кон жанровите фламенко и gypsy jazz настапуваше со рок групите и ѕвездите како Billy Idol и Saul Hudson – Slash (бивш гитарист на групата Guns N’Roses). Исто така е и признат продуцент и композитор. Под псевдонимот “el douje”, неговиот албум Worlds Collide е единствено изразена мешавина на традиции и модерни стилови од „jondo“ фламенко до современи комбинации на world fusion/drum и bass/techno.

Đorđe Stijepović, контрабасист, бил член на водечки етно и светски музички групи во Србија како што се Shira Utfila (сефардска музика) Кал (Balkan gipsy) и Marsya (Balkan). Завршил класично музичко образование на отсекот за џез, контрабас и аранжирање. Изведува соло проекти и концерти (world music/jazz), соработува со музичари бендови како што се Atomic Sunset, Deke Dickerson, Slim Jim Phantom (from Stray Cats), Lemmy (from Motorhead) и свири со други ансамбли кои негуваат различни музички стилови (bluegrass, cajun, jazz, blues).

Matthew Christopher Alger, e гостин тапанар на турнеите на Fishtank ансамблот.

You May Also Like