Американскиот уметник Дик Робертс вечерва изложува во Галерија 8

Вечерва (вторник, 3 септември) во организација на ДЛУМ во кафе Галерија 8 – Безистен Стара скопска чаршија, со почеток во 21:30 часот ќе се отвори изложбата „Моето македонско патешествие“ на американскиот уметник Дик Робертс.

Dik Roberts bezisten galerija 8

Роден е 1947 во Дурам, Северна Каролина САД, каде што и оддржува едно од студиата „Acme Art Studios“ во Вилмингтон. Дипломира сликарство и керамика при универзитет за ликовни уметности во Западна Каролина 1979 година.

Дик Робертс од 1996 год. е редовен посетител на нашата земја и чест гостин е на македонските ликовни колонии каде што остварува дел од своите прозни и ликовни пориви. Авторот на изложбата ќе ни се претстави со серија слики од неговиот последен циклус изработени во „Art Point Gumno“ студио во с. Слоештица. Дик Робертс, има реализирано бројни самостојни изложби во земјава и странство.

Како најзначајни се представувањата во Германија, Франција, Црна Гора и САД.

You May Also Like