Неодамна издавачката куќа „Три“ ја објави книгата „Свеќа и светлина“ од Ѓорѓи Филипов амбасадор на Македонија во Виена.
Се работи за исклучително интересна збирка на есеи и раскази кој авторот ги објавувал на својот профил на Фејсбук. За книгата на Филипов, Милован Стефановски ќе запише: „Како што на ѕвезденото небо вниманието ни го привлекуваат најсјаните ѕвезди (можеби за да не залутаме низ бескрајот!), така и на „Фејсбук“ вниманието го задржуваат вистински активните учесници.
Без сомнение еден од нив е Ѓорѓи Филипов, „отмениот господин со црна паларија на главата“ и тоа независно од тоа каков професионален ангажман извршува во определен период. Вистинска потврда за тоа се неговите на прв поглед ненаметливи, но секако неодминливи статуси на ФБ кои овојпат публикувани во книга, веројатно само ќе ја допотврдат и продолжат својата благородна мисија.“