По завршената реконструкција, започнаа завршните изведбени работи за хортикултурно и партерно уредување на објектот на поранешниот Амам во Гевгелија.
Овој споменик на културата претходно се реконструираше со донација од 10.000 евра од збратимената турска општина Карач во Истанбул и со средства од буџетот на општина Гевгелија од каде само за довршување на реконструкцијата и уредувањето на просторот, што е во тек, беа издвоени 3,17 милиони денари.
Предвидено е во објектот на Амамот да биде сместена ликовната Галерија бидејќи градот не располага со соодветен простор за одржување на бројните културни манифестации како што се изложбите на Друштвото на ликовни уметници, Мултимедија центарот, coolГрафичката колонија и меѓународната ликовна колонија „Аполонија“.
извор: Курир